Драги наши,
Веќе 10 години сме ваш онлајн ментор во совладувањето на англискиот јазик. Растевме заедно со вашата поддршка за индивидуално е-учење, збогатувајќи ја нашата понуда на е-курсеви и часови во зависност од вашите потреби за изучување на англискиот јазик. Неизмерно сме ви благодарни!
Со цел заедно да ја одбележиме 10-годишнината, ве покануваме да учествувате во НАГРАДНАТА ИГРА 10 ЗА 10, во која ќе доделиме 10 тримесечни е-курса на 10 учесници. Играта ќе трае од 14.01. до 18.01.2019 на facebook страницата на EnglishMak.
Курсевите ќе бидат по избор на секој добитник, и тоа:
- Интензивен (3-месечен) курс по ОПШТ англиски јазик (почетен, среден, или напреден степен)
- Интензивен (3-месечен) курс по ДЕЛОВЕН англиски јазик (почетен, среден, или напреден степен)
- Курс по ГРАМАТИКА за почетници.
Имињата на среќните добитници ќе ги објавиме на 19.01.2019 во 17 ч.
Ви благодариме за учеството и среќно!