АНГЛИСКИ ЗА ОСНОВЦИ

СТАРТЕР

Ова е лесен и забавен воведен курс за почетници. Го нудиме во пакет со почетниот степен за основци, како одлична подготовка за учење преку компјутер.

АНГЛИСКИ ЗА ОСНОВЦИ

Секој од трите степени е прилагоден на конкретна возраст:  osnovci_baner

  1. почетниот степен е за деца на возраст меѓу 6 и 8 години;
  2. средниот степен ги следи децата меѓу 9 и 11 години;
  3. напредниот степен е за деца меѓу 12 и 14 години

Трите степени меѓу себе се во континуитет, но и секој за себе претставува една целина. Тематските поглавја и вежбите се во аудио-видео форма, а нивното презентирање е интерактивно, забавно и поттикнувачко, преку најсовремени теми и хумор. Со овој курс постепено се развиваат сите четири вештини при учење јазик: слушање и разбирање, читање, пишување и изговор, а знаењето дополнително се утврдува преку вежби во составот на секоја лекција, усни и писмени одговори испратени на преглед кај професорката, како и контролни тестови. Вашата професорка секојдневно ги следи резултатите од работата на секој/а ученик/чка. Родителите, преку својата имејл адреса, тековно и навремено се известени за резултатите од работата на ученикот/чката. Целосно флексибилен кон индивидуалните потреби, овој курс дава уникатна можност вашето дете да напредува самостојно и без ограничувањата што може да се јават при учење во група.

Секој степен се состои од 9 тематски поглавја и 3 контролни теста, со активно посетување на едукативен материјал од над 60 лекции и 180 вежби во рок од 6 месеци или пократко. Степените се креирани според британски стандардни програми за изучување на англискиот јазик како странски јазик.