ОПШТ АНГЛИСКИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ И ВОЗРАСНИ
Поделен е на три степени: почетен, среден и напреден.
Современите теми се претставени преку аудио-видео лекции, а интерактивните вежби развиваат целосен интерес и поттик. Предизвикот е зголемен со усни и писмени одговори испратени до вашата професорка, како и контролни тестови за евалуација на вашето знаење по секои три поминати тематски поглавја.
Овој курс е одлична прилика брзо и едноставно да ги научите и утврдите граматичките правила на англискиот јазик, да го подобрите слушањето, разбирањето, читањето, пишувањето и фондот на зборови со изговор, учејќи со ваше темпо. Вашата професорка постојано ги следи резултатите од вашата работа.
Овој курс е целосно флексибилен кон индивидуалните потреби, со што ви овозможува самостојно напредување, елиминирајќи ги ограничувањата што може да се јават при учење во група.
Секој степен се состои од 9 тематски поглавја и 3 контролни теста, со активно посетување на едукативен материјал од над 60 лекции и 180 вежби во рок од 6 месеци или пократко.