ЧАСОВИ

ИНДИВИДУАЛНИ ОНЛАЈН ЧАСОВИ

elearnОнлајн часовите на EnglishMak се одржуваат во реално време, односно „во живо“ преку компјутер, со помош на микрофон и камера (видеото не е задолжително). Можете да бидете било каде, сѐ додека имате мирна атмосфера за учење и стабилна интернет врска (дома, канцеларија, хотел или друго сместување). Благодарение на тоа, учењето денес е подостапно од било кога.

Предности:

  1. Имате контрола врз распоредот, одн. термините на одржување ги прилагодуваме на вашите дневни обврски;
  2. Комодитетот е огромна предност поради удобната облека (тренерки, па дури и пижами), но и немањето грижи околу спремањето за одење на час. Притоа, имате целосна слобода да си направите кафе, чај, сок, пиво, или, пак, да пушите доколку сте пушач;
  3. Учењето од дома во ситуација кога се грижите за други лица (мали деца, стари и изнемоштени лица, лица со посебни потреби и сл.) е огромно олеснување и предност;
  4. Со онлајн часовите штедите и пари (на превоз, паркинг, книги и др.) и време (на патување, чекање часот да почне и др.);
  5. Локацијата не е пречка за присуство на онлајн час, што е особено важно за оние што често патуваат (пр. студенти или деловни луѓе);
  6. Некои ученици лесно се дефокусираат во/од присуството на други ученици во класична група и бараат индивидуални онлајн часови за учење со свое темпо;
  7. Поради сето наведено, онлајн часовите воопшто не ви прават стрес, а учењето без стрес е и попродуктивно, и пофокусирано на материјалот што се изучува.