I. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ УСЛОВИ
Ако го користите EnglishMak сервисот се согласувате на следниве услови:
Да дадете точни лични податоци во Барањето за запишување на EnglishMak сервисот.
Да не го употребувате за нелегални цели или пренос на материјали со што може да се наруши или загрози интелектуалниот имот или други права на давателот на услугата.
Да не го злоупотребувате сервисот за неодреден масовен пренос на email, со содржина која не е во функција на работата на сервисот.
Да не дозволите пристап до EnglishMak сервисот преку Вашeто корисничко име и лозинка на други лица.
Сервисот EnglishMak и оние кои го администрираат можат со своето единствено дискреционо право да ги деактивираат корисничкото име и лозинка за Ваш пристап на eschool.englishmak.com ако сметаат дека на било кој начин сте ги прекршиле условите на сервисот.
Доколку забележите било какво прекршување на условите на сервисот, должни сте да го пријавите на contact@englishmak.com.
За да ја користите услугата на сервисот EnglishMak потребно е да ја обезбедите целата потребна опрема за поврзување, вклучувајќи компјутер/таблет и интернет пристап.
II. ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА СЕРВИСОТ
EnglishMak сервисот Ви обезбедува услуга вам (корисникот) под условите на EnglishMak сервисот. СО ПОПОЛНУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА УПИС И ШТИКЛИРАЊЕ НА „СЕ СОГЛАСУВАМ”, ВИЕ СТЕ СОГЛАСНИ ДА БИДЕТЕ ОБВРЗАНИ СПОРЕД ПРАВИЛНИКОТ НА ENGLISHMAK СЕРВИСОТ.
III. ОПИС НА СЕРВИСОТ
Сервисот EnglishMak им обезбедува на корисниците:
– интернет услуга за посетување обука по англиски јазик која се состои од курсеви и часови
– за услугата им наплаќа на корисниците по цените објавени на веб-страницата на EnglishMak сервисот.
По завршување на секој степен, давателот на услугата издава сертификат.
IV. ОБВРСКИ НА КОРИСНИКОТ ПОВРЗАНИ СО ЗАПИШУВАЊЕТО
За употреба на сервисот корисникот се сложува да даде точни, правилни и целосни податоци во Барањето за упис. Овие податоци за корисникот треба да се сметаат како “податоци за регистрација”.
V. УПОТРЕБА НА ПОДАТОЦИТЕ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА
Во рамките на техничките можности, сервисот EnglishMak обезбедува неповредливост и заштита на тајноста на податоците од Барањето за запишување на корисникот согласно закон за заштита на лични податоци.
Корисникот е согласен неговите лични податоци да бидат дадени само на лица со посебни овластувања на надлежни органи, согласно законот.
Сервисот EnglishMak има право да ја провери веродостојноста на идентитетот на корисникот кај трети лица со цел да се заштитат правата и угледот на EnglishMak сервисот.
VI. КОРИСНИЧКО ИМЕ, ЛОЗИНКА И СИГУРНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ
По активирање на Барањето за упис на EnglishMak сервисот и извршената уплата на потребната сума, корисникот го остварува правото на пристап до интернет услугата. Корисникот е одговорен за одржување на доверливоста на корисничкото име и лозинката и е целосно одговорен за сите активности кои се одвиваат преку нив.
Корисникот се согласува веднаш да го извести сервисот за било каквo неавторизирано користење на корисничката лозинка и сметка, или било кое нарушување на сигурноста.
VII. ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ НА КОРИСНИКОТ
Корисникот е согласен да не го користи EnglishMak сервисот за:
а) нелегални цели
б) да врши копирање и пренос на материјали од веб-страницата на сервисот EnglishMak со што може да се наруши или загрози интелектуалниот имот или други права на сервисот EnglishMak
в) да не врши обид за стекнување неавторизиран приод до други компјутерски системи
г) корисникот е одговорен за одржување на доверливоста на корисничкото име и лозинката и е целосно одговорен за сите активности кои се одвиваат преку нив.
VIII. ЗГАСНУВАЊЕ НА КОРИСНИЧКАТА ЛОЗИНКА
Корисникот е согласен дека сервисот EnglishMak може да ја згасне неговата корисничка лозинка пред истекот на предвидениот рок за завршување на уплатениот степен ако:
(a) корисникот ги прекршил или се однесувал недоследно со условите на EnglishMak сервисот
(б) корисникот ги загрозил правата на сервисот EnglishMak или други корисници или странки.
Корисникот понатаму е согласен дека Аксон ДООЕЛ може да ја деактивира корисничката лозинка за користење на EnglishMak сервисот ако корисникот не го заврши уплатениот степен во предвидениот рок, објавен на интернет страницата на EnglishMak сервисот, при што Аксон ДООЕЛ нема обврска да врати ниту дел од уплатата за истиот.
Згаснување на услугата може да се направи само со претходно известување на корисникот по електронска пошта од страна на EnglishMak сервисот.
IX. СОПСТВЕНИЧКИ ПРАВА НА СЕРВИСОТ ENGLISHMAK
Корисникот на сервисот EnglishMak своите права и обврски ги остварува преку Аксон ДООЕЛ Свети Николе, ул. Карпошева бр. 21, со ЕДБ 4025007500049. Корисникот е согласен дека аудио-видео содржината што му е претставена преку EnglishMak сервисот е заштитена со авторски права, заштитни права, ознаки на услугите, патенти или други сопственички права и закони. Корисникот е согласен дека нему му е дозволено да ги ползува овие материјали и информации за време на користењето на услугата преку интернет страницата eschool.englishmak.com, која е заштитена со авторски права и логото на сервисот EnglishMak, и не смее да ја умножува, репродуцира, пренесува, дистрибуира или да прави изведби на таквата содржина или инфромација.
X. ОДГОВОРНОСТИ ОБВРСКИ НА СЕРВИСОТ ENGLISHMAK
Сервисот EnglishMak е обврзан на своите корисници да им обезбеди целосна, квалитетна и навремена интернет услуга. Сервисот EnglishMak не одговара за квалитетот на услугата кај корисници што интернет услугата ја користат преку застарена и несоодветна опрема, или имаат помала интернет брзина од 512 kbps.
Сервисот EnglishMak е обврзан сите жалби, барања и приговори од страна на корисниците во врска со работата на EnglishMak сервисот да ги разгледа и реши благовремено и ефикасно.
По успешно завршување на степенот, сервисот EnglishMak издава сертификат, но не сноси никаква одговарност во врска со идентитетот на корисникот при издавањето на сертификат и се повикува на личните податоци што корисникот ги навел во Барањето за регистрација.
Сервисот EnglishMak не презема одговорност за неизвршување на своите обврски со овој Правилник во случај на виша сила (настани кои се вон негова контрола и кои не можат да се предвидат ниту спречат). За време на траењето на вишата сила, сите обврски на сервисот EnglishMak кон корисниците ќе бидат ставени во мирување.
XI. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Сите спорови што ќе произлезат од овој Правилник, ќе се решат спогодбено. Во спротивно, односите меѓу корисникот и EnglishMak сервисот ќе бидат регулирани според законите на Република Северна Македонија пред Основен суд Свети Николе.
Правилникот има важност од денот на потврденото Барање за запишување на услугата.